-Зошто ескимското иглу не се истопува однатре?
Иглу е привремено зимско засолниште за Ескимите ловци од Алјаска и Канада.
Всушност, вистина е дека тоа се топи и однатре, но тоа се случува бавно и само до одредена, а мошне потребна мера.
Снежинките, кои надвор паѓаат на иглуто во текот на острата алјаска зима, брзо се топат кога паѓаат на покривот на иглуто, па така обезбедуваат создавање на заменски изолационен слој.
Константното топење и повторното замрзнување го прави иглуто поцврсто и потврдо, па снежните блокови, од кои е изградено, полека се спојуваат во единствена, цврста, ледена заштитна купола. Таквото иглу може да поднесе удар на голема бела мечка, па да му го спаси животот на ловецот ако мечката случајно добие потреба да го нападне.
Циклусот на замрзнување и одмрзнување започнува оној момент кога е завршена градбата на иглуто.
Ескимот најнапред мора да ископа ров во снежниот нанос, па користејќи ножеви да исече блокови на снег со точно одреден, малку заоблен и клинест облик, како и со одредена големина (околу 0,5 м х 1 м и дебелина околу 20 см), кои потоа ги сложува странично еден до друг така што да затвораат круг. Врз нив потоа сложува нов ред на блокови, повторно со одредена големина и заобленост, така што конечниот резултат да биде спирала која се стеснува спрема врвот.
На врвот се остава отвор кој подоцна ќе служи за вентилација, односно испуштање на вишок на топлина (и чад, ако, на пример, нешто на огнот внатре се вари), која во спротивно би можела да им наштети на снежните блокови на иглуто.
На пример, за случај на виулица постои и поклопец за покривниот отвор на иглуто кој обично е некој надворешен камен или, пак, снежен блок чии горни рабови се изрежени пошироко, а долните потесно (како чеп за бањска када, на пример).
Поискусниот градител може да изгради вакво иглу за помалку од 2 часа.
https://www.youtube.com/watch?v=Lq1DyaKJzfk
Човекот потоа ѝ допушта на својата жена да го одработи оној завршен чекор. Таа во иглуто внесува ламба која гори на фитил макнат во китово масло, ја засилува на најсилно, излегува и го затвора влезот со уште еден блок на снег.
Во внатрешноста на иглуто снегот почнува да се топи од таванот, но поради заобленоста водата не капе на подот, туку се спушта низ „ѕидовите“ на иглуто, па снежните блокови ја впиваат. Кога блоковите ќе бидат речиси целосно натопени со вода жената се враќа во иглуто, ја гаси ламбата и пушта ледениот воздух однадвор да се вовлече во засолништето. Така студенилото првобитно кревката снежна структура ја претвора во тврд и цврст лед.
Сега иглуто е подготвено за своите привремени потстанари, чии тела, заедно со китовите ламби, успеваат да ја подигнат температурата на ентериерот на околу 10-12 степени Целзиусови, што не е ни малку лошо ако го иамаме предвид фактот дека температурата надвор од иглуто е неколку степени под нулата.
Сѐ до крајот на зимата, додека надворешните температури не пораснат, иглуто не почнува да се топи. А кога еднаш ќе почне-пак сѐ се случува од врвот на куполата.