За есенската боја на лисјата

Потребно време за читање: 2 минути

Според една американска легенда, тројца ловци и нивниот пес гонеле голема мечка се до небото, каде што ја убиле. Нејзината крв капе врз лисјето и го бојосува во црвено- изјавила една жителка на Колорадо.

Други, пак, слушнале дека Бог сака да види разни бои низ светот за да знае каде е кое годишно доба.

-Мојата мајка зборуваше дека ноќе доаѓаат самовили и го бојосуваат лисјето- изјави за „Гласот на Америка“ Дејв Сатерленд, ботаничар од Планинските паркови Боулдер.

Бидејќи деновите стануваат пократки на есен, лисјето престанува да произведува хлорофил и токму тогаш се разоткрива магичната тајна.

„Зелените листови се всушност- жолти! Само што жолтото не се гледа. Жолтите пигменти се секогаш присутни во лисјето, скриени зад маската на зеленото. Тие едноставно чекаат хлофорилот да почне да се распаѓа за конечно да бидат видливи“, објаснува тој.

Жолтата боја на лисјето ја поттикнува пигментот познат како каротин, истиот оној што морковот го прави портокалов, а есенското лисје на јасенот и дабот златно жолто.

Лисјето почнува да ја менува бојата уште во лето, со помош на сонцето и погментот наречен хлорофил. Кога зелениот пигмент ќе избледи, жолтиот му помага на лисјето да ја искористи последната енергија на сончевите зраци.

Кога лисјето ќе поцрвени, тоа е пигментот антоцијанин кој јагодите ги прави црвени, а капините темно виолетови.

Но лисјата не произведуваат антоцијанин лете, туку само на есен. Поради тоа научниците долго мислеле дека неговата синтеза го поттикнува шеќерот во лисјето кое умира.

Според друга теорија, растенијата можеби произведуваат антоцијанин како некој вид на лосион за сончање. Потемната боја му помага на лисјето да ги испрати последните количества на хранливи материи добиени со помош на сонцето кон гранките и корењата.

Еден од оние што ја застапуваат таа теорија е Бил Хок, од Унвиерзитетот на државата Монтана:

„Тоа лисје брзо ќе опадне. Затоа дрвото настојува што подолго да го заштити својот фотосистем и да собере што повеќе хранливи материи“.

Хок додава дека жолтите пигменти се антиоксиданси кои го штитат лисјето, не само на есен туку и во текот на целиот негов живот.

Современиот македонски поет Матеја Матевски во стихозбирката „Липа“ има објавено песна под наслов „Доаѓање на есента“:

Крупните дождовни капки што ѕвонат во есенската ноќ
капавицата ја будат
низ олукот плискаат
истечуваат со големите води

Каде ме водите
далеку од мене
во шумнава несоница

И сити трагата ја оставаат
врз оваа песна

Како лузна врз мазна кожа
како длабок печат
врз стар пергамент

Паноптикум