ВРВИЦА ДО ВРВ, Во подножје, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

30. Сама

Никој со неа во збор,
никој за неа ни збор,
никој од неа без збор
веќе предолго,
уште откога исчезна
здрачот
во нејзините очи.

Според неа не многу
одамна,
дури од неодамна,
откога
бдеејќи деноноќно
меѓу ѕвезди
бара мир и спокој
во своја тишина.

Пред
стрмна планина е,
пред нечиј круг е
во кој мисли дека
нема место за неа,
па не се ни обидува
да навлезе, во себе
да го прибере
за потоа одново
да почне да искачува
свој нов врв.

Сама убост на која
никој никогаш
ништо не ѝ можел,
ниту ќе ѝ можат
годините до него.

Leave the first comment