28. Од крик пронижена
Срце ѝ пронижи крик
на ближен одамна без неа
во свој живот пустошен.
Таа уште плодна,
тој самотен, далечен,
во длабок молк.
Не знае од кога не се заедно,
не знае до кога ќе се мислат
два извора во подножје
на голема и стара планина
со неизмерна тежина.
Крик громовен,
крик пламенен,
крик скрвавен.