ВРВИЦА ДО ВРВ, Во подножје, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

24. Свената убост

Била убост и уште е,
ама никој ни ја гледа
ни ја слуша,
ни да ја прибере
во себе,
со неа да поживее.

А нејзе не ѝ треба
и ништо не ѝ значи,
та никогаш на ништо
не се огледува.

Ни зрак во црните очи,
ни загадочна трага
на лице.

Убост помеѓу човек
во пајакова мрежа
исправен среде круг
и жена пред
стрмна планина.

Не се знае дали со таква
ќе продолжат заедно
по своја врвица до врв
низ камена пустелија.

Leave the first comment