31. Мигновено виѓавање
Тој и таа само мигум
се видоа заедно среде круг
во пајакова мрежа,
и тоа како одамна знајни.
со споделени
времиња извесни,
времиња неизвесни
и времиња одживеани.
Таа се сновеше жална,
тој стоеше простум
задуман.
Не си ги допреа телата,
ниту си ги загледаа
душите и срцата
по многу самости
и беберојни смрти
рамнодушни.
Само мигум заедно
среде круг
во пајакова мрежа.
Всушност,
мигновено виѓавање
на две реки пенливи
што понираат в земја
една до друга
и можеби некогаш
за живот незаборавен
ќе избијат на поврвнина
како два извора
во предел опкружен
со љубов и спокој.