48. Негова за сонување
Сонам дури сонувам
како кревам бедем
што ќе ме брани
од ветришта и луњи
ноќни
штом затворам очи.
Да сонам дури сонувам
неизбришлива трага
на живот
пред да ја продолжиме
нашата постојаност.
Сонам дури сонувам
дека ние сме на врвов,
доволно близу
и доволно далеку
од сите
што ни го опкружиле;
сè додека на него
не соградиме
прво и последно
огниште
за нашата безмерна,
за нашата исконска,
за нашата небесна
љубов.