46. Негова за трпение
На минување низ земји
плодни и безживотни
до мојата животна цел
-конечно да пронајдам
своја врвица
која ќе ме однесе до врв
на љубов смисловна
во круг со нов свет,
збирав трпение
што ќе ми крепи снага
докрај.
Мислев дека собрав
доволно,
но кога го искачив
мојот врв
веќе не бев сам,
не беше само мој!
Крај мене, со мене,
во мене беше,
е убост смирна.
Таа по мене,
на минување низ земји
плодни и безживотни
ја пронашла мојата
врвица
и збирајќи трпение
стасала до врвов
на љубов смисловна
во круг со трпение.
Веќе не сум сам!
Веќе не сум сам!