ВРВИЦА ДО ВРВ, На врвица, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

10. Ледена песна

Со стишан,
напати тажен глас,
напати ми пееш
рамнодушно
ледена песна
во која не гледам,
не чувствувам,
во која
не доживувам
ништо од она
во што бевме
заедно,
во што живеевме
како една река
каменита,
како пенлива
од извор до влив
во безмерна вода
некогаш на земја,
некогаш в земја,
некогаш на небо,
некогаш в небо.

Ледена песна која
сè во мене
и сè околу мене
просто заледува;

која не сакам сам
да ја дослушам,
која секако на залез
на збор
не ќе можам
да ја преживеам.

Leave the first comment