Не е ко сите други
врвови
еден меѓу врвови
туку е врв со врв
единствен
од сегде до сегде
што се гледа.
Не е само затоа врв
туку е врв кој досега
никој не успеал
да го искачи совреме
додека има добро
свое време
за искачување.
Но најпрвин е врв
кој без престан бавно
несетно се извишува
меѓу две свои сенки.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 68





