ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

13. Нема гајрет

Нема тој гајрет како сите
што стојат собрани во круг
на ветромет,
замислени дека веќе утре
може да ги нема
ни додека биле стамени.

Нема тој гајрет зашто сам
никогаш не бил крај огон
што тлее во огниште,
а нема свој кој за рожба
ќе го вивне до небо.

Нема тој гајрет штом утре
ќе нема ни трага од него
од извор до плодна земја,
ни молк што молскоти
меѓу мрачнини
пред нови виделини.

Нема тој гајрет за ништо
на овој свет туѓински,
празен, менлив, минлив
и ништожен.

Leave the first comment