24. Една отворена рана
Дамнешна е,
од којзнае кој век
на мојот сон.
Никако да ја затворам,
за миг да ја успокојам.
Не може да е од еден
збор за именување
на состојба на духот,
а не може ни да е
од љубов сокриена
меѓу мисли и дела.
Веќе не знам
ни дали е уште жива
или само крвта
ѝ секнува.
Една е како да нема
други ни во спомени.
До смрт ли да ја таам?