23. Привидение
Тој не е сам во ова
мое ниедно доба!
Ту пред него,
ту околу него,
ту близу, ту далеку
понекое привидение
прелетува, долетува,
одлетува некаде
надвор од него
или внатре во него.
Му велам да остане
во ова мое
едно ниедно доба
ако му е најважно
да опстане
макар до изутрина,
до ден со виделина.
Не, не се плаши тој
од привиденија,
па и да ги познава,
па и да го познаваат.
Тој е само замислен
е загрижен до кога
едно од нив
што му личи на мене
ќе игра игра нȇма,
та бесмислена
ту пред него,
ту околу него,
ту близу, ту далеку,
надвор од него
или внатре во него.
Тој некој е
сал со мене сè уште
жив и бессонен.