ВО НИЕДНО ДОБА, Стивнување, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

111. И близу и далеку

Време сегашно нема
дамнешно за нас во нас.

 

112. Крај без почеток

Конечно крај на надеж
дека нема близу пустелија.

 

113. Немост во немаштија

Неми се сите живи и мртви
кои делат живот со светлина.

 

114. Бесмислено докажување

Нивното докажување на љубов
не менува ништо во соживотот.

 

115. Гола вистина

Угул гола снага на ветар
стои и гори исправена.

Leave the first comment