ВО НИЕДНО ДОБА, Стивнување, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

20. Речиси обессилен

Веќе не е сигурен дека може
да направи уште чекор-два
исправен, стамен, достоен,
поблизу до пред портата
на твојот долг незаборав.

Не е сигурен или, пак,
е веќе обессилен дотолку
што ни глас му се слуша
ни трага остава за себе
во себе неизбришлива.

Речиси му заврши времето
изворно под ведро
и под облачно, секавично
небо.

Стивнува,
речиси е стивнат.

Leave the first comment