32. Се сновам
Ме има, па ме нема
на еден, па на друг
крај на светов
во кој никаква трага
не оставаат
предци и потомци
што живеат
за да преживеат
бар уште една ноќ
помеѓу денес и утре.
Јас на еден крај
на светов се сновам
зашто сушини
и отровни дождови
истураат од небо
незнајни,
на кои не им можат
ништо
диви, спитомени
нечовечки ѕверки,
ниту птици во лет
бескрилни
со секакви семиња
во клуновите
и пердувите.
Јас на друг крај
на светов се сновам
зашто
веќе нема смисла,
веќе нема значење
моево постоење
со мисла во збор.