Немее сè немеат сите
собрани во еден свет
од мене до мене.
Значи и јас немеам
најсетне.
Не се навраќам
на сè што јас случував
на сè што се случи
во мене без мене
зашто измина времето
мое во меѓувреме.
Ново засега
не се ни навестува.
Но ако некој како нас
еднакво близок
еднакво далечен
се реши на само свое
немеење
значи да се издели
од сè и од сите
и од мене најсетне
би морал најпрвин
да почне нов препев
на пев и повев.
Доколку сè уште
има свое меѓувреме.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Во мирнотија, 76
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.