Вина

Тивки клокоти

Вината е тежок, ма најтежок товар за човек што е човек. Кој со признание може да му стане полесен, но не и сосем да се ослободи од него. И тоа доколку со признанието иде казна.

За виновникот вината е иста, сеедно колку е голема или мала. Кога е свесен за неа, кога свесно ја кренал на плеќи со намера да ја поноси некое време одовде до онде.

Има ли разлика меѓу чувството на вина и нејзината тежест? Тие се обусловени и последователни. Со таа разлика што чувството на вина обично трае подолго од самата вина кај оној што е виновен. Затоа што не успеал да ја одбрани својата невиност.

Без вина виновен? Нема друго, освен тоа да го докажува сè додека не го докаже.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 165

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.