Услов(е)ност-Причина-Последица

Тивки клокоти

Услов(е)носта е нужна кога е поврзана со знаењето, опитноста и мудроста. Таа со нив е докрај, а може да се престори во зависност, па и во меѓузависност. Услов(е)носта од сила, моќ, власт и властољубие, пак, смислата ја ништи наметнувајќи ја бесмислата.

Причинско-последичните врски и разврски се дел од секојдневната живеачка на човекот, сеедно дали дејствува и создава самостојно или во заедница. Посебно, пак, специфично, на своевиден начин кога и дејствувањето и создавањето ја условуваат неговата егзистенција. Човек со причина се раѓа и опстојува со оглед на последиците.

Услов(е)носта, причината и последицата го затврдуваат постоењето на човекот и светот.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 143

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.