Тој со неа, таа без него

Потребно време за читање: < 1 минута

ТОЈ ЈА СРЕТНА НЕА ЕДНАШ И УШТЕ ДВА-ТРИ ПАТИ. ЕДНАШ НЕ ЈА ЗАПОЗНА ЗАШТО НЕ ЈА ПОЗНАВАШЕ, А ПО ДВА-ТРИ ПАТИ ЈА ЗАПОЗНА НЕДОВОЛНО, КОЛКУ ДА СЕ РЕЧЕ ДЕКА ЈА ПОЗНАВА. ВСУШНОСТ, ТИЕ ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ПОЗНАВААТ. ШТО ЗНАЧИ ДЕКА СЕ ЗАЕДНО.

ТАА Е БЕЗ НЕГО И ПРЕД ДА ГО СРЕТНЕ ЕДНАШ И УШТЕ ДВА-ТРИ ПАТИ. ПОТОА Е ДОСЕГА, А НЕМА НИКАКВИ ПРЕДЗНАЦИ ИЛИ ЗНАЦИ ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ Ѝ ДОЈДЕ ОТСЕГА СО НЕГО. БАРЕМ ИСТО КАКО ТОЈ СО НЕА.

ОД СУШТЕСТВЕНО ЗНАЧЕЊЕ Е ТОА ШТО СЕ ТИЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ ЗАЕДНО СО ДРУГИ ЗАЕДНО КАКО НИВ.

НЕИЗВЕСНО Е ДАЛИ СКОРО ЌЕ СОЗДАДАТ РОЖБА КОЈА ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ НИВНИОТ ЗАЕДНИЧКИ ЖИВОТ.

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 44