Потребно време за читање: < 1 минута

4. Добро

Не барај возврат за доброто што си го сторил. Затоа што како секое и сечие е толку од скапо прескапо, што да не се плаќа, ниту се наплаќа.

Си сторил добро, добро е што си сторил. Белки не ти е едно, а ни прво ни последно, та заборави. Нека не ти е важно и дали ќе те паметат многу.

Поарно да те научат по добрини што си им сторил на мнозина. Да им бидеш таков секидневен, и на добрите и на душманите.

Кажи му фала на оној што на твое добро со добро ти враќа и достатно ќе е за обајцата.

Прави добро, дури и кога ти се враќа со зло. Зашто на ниедно добро злото не може да му е докрај возврат, туку од што било во други и се продолжило и се продолжува. Сетне и тоа ќе биде поразено.

На ниедно добро не ти се враќа со зло, туку со него ти се наштетува на некое. Ти се напакостува до што ни со време не може да се надмине.

Прочитај и за ... >>  ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 38

Зошто луѓе се обидуваат да возвратат со зло на добро? Зашто доброто ги допрело до дното на душата, им го разбранило срцето, а не се научиле на него. Не само да го примаат, ами и да го имаат за долго до секогаш.