ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 3

Тивки клокоти

3. Ум-Памет-Разум

Тешко им на луѓето во време кога има толку многу глупост за едни, што да нема доволно памет за сите. Особено кога се знае колку е многу глупоста, избројана и мерена, а никогаш не може да се знае колку е доволно памет.

Во ниедно време паметта не отстапува пред глупоста. Ниту ја игнорира, без оглед на нејзината агресивност. Ја исмева, ја покажува угул гола, ја унижува и ништожи.

Ум наспроти безумие, разум наспроти глупост. Така си е од веки веков. Ама во времето што било досега и во времево сега безумието и глупоста како сè уште да царуваат. Или се често, ма премногу над мудроста и разумот поразувајќи ги на секој чекор, ништожејќи ги. Токму затоа секогаш ни се насушна потреба.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.