62. Штедење-Штедливост
Треба да се биде штедлив? Во сè?
Треба ли и животот да се штеди? Зависи што од него. Здравјето сигурно, по малку и силата-да се сочува за стари години, но не во заедништвото, зборувањето, промислувањето…
Човек не треба воопшто да се штеди кога е збор за творечката енергија. Без оглед што тоа се одразува на сè.
Народот за штедливоста си го кажал своето. Сосема е разбирливо најмногу за парите, без оглед што знае дека „парите се отепувачка“.