61. Агресија-Насилство
Основно значење:
Однесување што го карактеризираат контактот и комуникацијата со други луѓе со сила.
Човечката агресија се изразува директно по пат на вербални, физички или комбинирани напади, а може и индиректно, низ компензација. Неприфатлива е, без оглед дали се користи за самоодбрана, лично подобрување или е деструктивна колку за за себе, толку за други.
Сосема се во право оние што прават дистинкција меѓу однесувањата што се штетни и оние со кои се нема намера да им се наштети на други. Па за првите го користат терминот „агресија“, а за вторите „асертивност“.
Особено за споделување е ставот дека нагонот на агресивноста нема сопствен извор на енергија, туку е изведен од нагонот за живот и се јавува како реакција на фрустрација. Исто така ставот дека агресивноста е и стремеж за разурнување, одговор на ускратување на основни човечки потреби.
Кога насилството од ден на ден расте, тоа значи дека го поттикнуваат силници. Кога станува од големо до преголемо, значи дека е во нивни раце, та станале толку силни што никој ништо не им може.
И најмалото насилие не е човечко, ниту е само врз човек. Најпоследично и најтрагично е кога тој го врши врз себеси до самоти смрт.