Власт-Властољубие

Тивки клокоти

Колку јакне власта, властољубието уште повеќе. Кога таа не би била и тоа не би било? Секако!

Властољупците се множат бидејќи власта не може без нив. Сеедно народна, ненародна, апсолутна, апсолутистичка…

Ги нема во и околу власт што не е власт, туку (рако)водење со процеси и дејствија. Не со луѓе. Во таква власт има само кои умеат да се (рако)водат себеси со ум и разум, со знаење и искуство, со збор и дело.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 27

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.