22. Влада-Владеење
Не е нераскинлива врската помеѓу владата и владеењето. Напротив, за жал, во минатото, а и денес таа е пречесто или раскинлива со секој ден или раскината со секое вчера.
Најчесто владеат влади што не можат, поначесто не умеат да владеат, па власта им е брза и минлива. Најлесно владеат оние со кои владеат.
На народот му е сеедно за таа врска, особено кога му е далечна. Jа нема како своја, кога му е отуѓена, однародена. Не му е сè додека кој-годе со него владее оти му е до владеење.
Колку зависиме од владетелите и политичарите? Колку сме тоа што сме и што мислиме оти сме кога зависиме од нив?
Дали само слободата и слободоумноста зависат од нив?