ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 17

Тивки клокоти

17. Татковина-Туѓина

Многумина од нас, особено од помладите се наоѓаат помеѓу два огна: домашниот, татковиот, татковинскиот, и туѓиот, јабанџискиот.

Да се остане крај домашниот оган со надежта дека утре ќе биде поарно. Дека ќе има работа, младоста нема залудно да му минува и иднината ќе биде посигурна. Или да се замине во туѓина, кајшто има живот, има перспектива. Кај што човек може и да најде и да се снајде. Кај што ќе се обиде да го грее, да го прибере крај себе туѓиот, јабанџискиот оган. Можеби никогаш да не се врати, туѓото да му стане свое.

Нема дилема при избор помеѓу татковината и туѓината. Освен ако татковината не овозможува макар скромна живеачка, макар многу далеку од богатата што ја нуди туѓината. Освен, значи нема никаква можност за скорашна скромна, човечка живеачка. Надежна.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.