fbpx Прескокни до главната содржина

Искушение-Премреже

Тивки клокоти

Секого нешто примамува да почне надежно. Дека ќе го заврши совреме, а по време да не го почнува одново или да биде принуден да го продолжува. Некого, пак, еднакво, дури повеќе го примамува нешто што го почнува за никогаш да не го заврши. И затоа дури го прави или создава е во големо искушение. Неретко минува низ многу. И тешки и неизвесни.

Секој е барем одвреме-навреме во искушение да стори нешто што би можело да му значи пресврт во животот, дејствувањето, постојаната работа или создавањето. Тоа е близу до предизвикот, уште поблизу до ризикот. Неретко да. Тоа е добро или лошо? Зависи од многу нешта, а најмногу од личното искуството. Од тоа какво било, па до какво е за пренесување, поначесто за угледување.

Најголемите искуства се со најмногу искушенија и најмногу премрежиња. Искушенијата како тешкотии и мачнотии, со нив поврзана доблеста, а премрежињата со големи, долги и одвај надминати патила.

Прочитај и за ... >>  Култура-Уметност-Цивилизација

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 196

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.