94. Поразна глетка
Глетката е неменлива: густа магла, всушност смог и одвај видливи два-три ката од неколку облакодери. Помеѓу нив оџаци од кои излегува црн чад.
На луѓево не им се слегува во градот, ама мораат. Едни поради секидневни обврски, други за живуркање, трети веќе од навик го напуштаат час-два за да вдишуваат планински воздух.
Незабележливо, а забрзано стареат со болештини.