СВЕТОВИ, поезија/припеви, 1-5

Потребно време за читање: < 1 минута

Пролог:
Може само припев.
Може и со пред пев.
Може и со допев.
Важно своја песна.

1. Едни

Јас во мој свет.
Ти во свој свет.
Ние во наш свет.
Едни во кои
се живее живот
како еден,
како прв и последен.

2. Времиња

Стари нови.
Од вчера, од денес.
За вчера за утре.
Зависни, меѓузависни.
Секое во секое.
Секое во сите.
Без граници.
Без ограничување.

3. Плодови

Збираме секакви плодови
од ветришта расфрлани
на сите страни.
И од до небо извишени.
Јадливи, нејадливи.
Вкусни, горчливи.
Бессемени за во невреме.
Со семиња за наш род.

4. Ковчеже

Празно ли е или не е?
Може да нема ништо,
празно да е полно да е?
Не може. Во него
барем спомени.
Очигледно е дека
намерно го сокрил
некој во урнатини
пред неизвесност.

5. Жени

Се собрале жени
без мажи одамна
во цветна градина.
Да збираат мириси.
Се собрале мажи
без жени одамна
пред река пенлива.
Да се успокојат
сосе неа во неа.