Строгости на форми, 81-90

Потребно време за читање: < 1 минута

81. Борба за слобода

Секој ден борба
на мисли и говори
недоречени.

82. До кога јас

Не знам до кога
јас ќе бидам што не сум
бил кога било.

83. Јакост

Негова јакост
одамна изгубена
пак му се враќа.

84. Исто

Секогаш исто
во него се случува
дури не е он.

85. Вик

Слушам вик негде
далеку предалеку
како од мене.

86. Постела

Бела постела
чека нечиј смртен час
најдолг последен.

87. Игла

Вденува конец
во игла која треба
сништа да крпи.

88. Стопена свеќа

Уште гори свеќа
одамна стопена
во жалост по младост.

89. Прозорец и ветар

Отвори прозорец
ветар лут и силен
што бришел спомени.

90. Делба

Се делеле двајца
со споделен живот
од почеток до крај.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени збороби