141. Древност
Собрала древност
времиња и простори
несовладливи.
142. Самопочит
Создава дела
човек сам во години
што не се бројат.
143. Сновидение
Слуша соништа
како заминуваат
на зајдисонце.
144. Во страв
Бегајте луѓе,
фаќајте далечини
дури можете.
145. Лисје
Собира лисје
под дрво ожеднето
на жешко сонце.
146. Во ветар
Собрал силен ветар
сè што не можело
да се спротивстави.
147. Мирба
Завладува мирба
меѓу лути ѕверки
во мртва пустина.
148. Детински дребнавости
Спомени на дете
меѓу дребнавости
на предци далечни.
149. Достлак
Достлакот со тебе
бедеми до небо
го бранат жизнено.
150. Осамнува
Ноќта глува мина,
нов ден започнува
во мене, пред мене.
СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови