131. Нешто
Оставивме нешто
за денес за утре
како трага од нас.
132. Зошто
Веќе не прашувам
зошто не можеме
да не сме далеку.
133. Чекори
Колку ли чекори
нè делат од мисла
за наши времиња.
134. На студ
Наеднаш на студ
голи тела живи
дека се заедно.
135. Нешта
Сме збирале нешта
некогаш ко сега
од нас создадени.
136. Проблем
Не сакам да знам
дали некогаш негде
ќе најдеме мир.
137. Ѕвезден зрак
Еден ѕвезден зрак
ме допре ненасетно
во долга самост.
138. Вик
Слушам нечиј вик
во длабока клисура
меѓу стрмни планини.
139. Земно богатство
На педа земја
неброено богатство
за гладна уста.
140. Човечки коски
Излегле коски
уште живи, човечки
на виделина.
СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови