Стои

Камено небо

Стои еден некој
никому знаен
дојден од негде
којзнае кога
со вперен поглед
во неизмерна
далечина.

Стои он прав
како столетно дрво
без крошна
може и без корен
и без коски може
може и бескрвен. Стои потонат
во дим и пепел
пред снагата му
во врели бликови
на исчезнат род.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 55

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.