СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 346-350

Потребно време за читање: < 1 минута

346. Рано и предоцна

Не тргај рано кон наш нов сон
за предоцна да не се разбудиш.

347. Од време по време

Била една светлина меѓу нас,
веќе недостижна и без смисла.

348. Бесполезно

Што оти може да ме паметиш,
а го заборавивме нашето минато?

349. Не си кај што си

Не те препознавам пред мене
ни како твоја сенка во мојава.

350. Ѕвезда

Моја е која било ѕвезда меѓу ѕвезди
на небо во тишина со мои соништа.