СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 291-295

Потребно време за читање: < 1 минута

291. Лично

Живеев некогаш овде
со моја жизнена љубов.

292. Лет над сон

Да не беше спокоен сонот,
немаше да летам над него.

293. Проклето невреме

Вакво невреме може само
од проклетници ниедни.

294. Крици

Крици пробивни
низ мртва тишина.

295. Те мислам

Не можам да не те мислам
откога не ми остави ни трага.