246. Превртена земја
Превртев моја земја со предци
за да им биде плодна на потомци.
247. Ветар и дожд
Ветар непрестан се раздувал,
а порој силен неумоливо паѓа.
248. Планинска пустелија
Жив човек не може да надмине
вековита планинска пустелија.
249. Горолом
Луѓе со громовити гласови
натпејуваат незнаен горолом.
250. Љубовна порака
Ако не ме слушаш оддалеку,
одблизу нема да ме познаеш.