СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

116. На лице

На лице траги од грижи
за што минало и останало.

 

117. Исказ

Легнати коски наземи
на дамна мртов живот.

 

118. Пред ѕид

Ѕид до небо последен
зад кој живеат луѓе.

 

119. Без рожба

Нема кому да му остават
ни знак ни глас ни надеж.

 

120. Заедно

Минавме пустелија за да стасаме
голи и жедни под огнено сонце.

Leave the first comment