СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

1. Искри

Искри фрлаат очи
во нема мрачнина.

 

2. Зол час

Уште еден зол час
во време веќе минато.

 

3. Со судни маки

Со последни сили стасав сам
на меѓник меѓу последни сили.

 

4. Очекувам

Најпосле идат некои нови
наши и мои времиња.

 

5. Неуспех

Верува дека во нечија мисла
остава каква било своја трага.

Leave the first comment