СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

27. Опитноста

Голема ми е опитноста
во искачувањето
на стари планини
и нови врвови.

Најпрвин совреме
ги откривам врвиците
до целта
или ги препознавам
што да не може
да ми се случи некој
случаен чекор
на нерамнотежа.

Мојата опитност не е
толку со годините
и од нив,
колку собрана
за животворност;
затоа не ја споделувам
сосем
не со кого било
со мене или по мене.

Недоволна ми е само
кога некогаш
ќе се најдам самотен
искачен на стара
незнајна планина
или на нов
недогледен врв.

Leave the first comment