Потребно време за читање: < 1 минута

17. Устремување

Почнува по предолго
стоење в место
поради невреме кое
скаменило мигови
на небрежни игри
или разделило блиски
зборови, говори, песни
со немости;
да бидат што подалеку
едни од други
сѐ до исчезнување.

Почнува во еден
што успеал некако
да стаса жив,
којзнае дали здрав
пред залез на сонце
во последен воздив
спокоен, а премален.

Се устремил кон
ѕвездено небо
иако свесен дека нема
да стаса на него како
нечија ѕвезда водилка,
ниту за ново раѓање
или за нов почеток
на сон на сонувач
кој во стварен свет
ќе најде место
и за својот заумен.

Устремен не виѓава
дека пред себе нема
никој што би можел
да му докаже уште
колку има до нов
крстопат
на кој сам ќе узнае
каде од него:
наваму ли или натаму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here