СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

16. Единствености

Има единствености
што се секогаш со мене,
се секогаш во мене;
со кои се извишувам
над безначајностите
и секидневностите
на оние со празни,
со невидливи сенки
што ги следат
како да не се нивни.

Тие единствености
може да ги препознае
секој со идентитет
откога знае за себе,
откога не дозволува
никој ни да се обиде
од неговите корени
да украде, да одземе,
нешто негово на светот
како свое
да му го прикажува;
надевајќи се дека
по многу невремиња
ќе се заборават
сите зла сторени
пред тоа, притоа, потоа.

Единствевностите кои се
секогаш со мене, во мене,
со кои се извишувам
над безначајностите
и секидневностите,
се откриени,
не се таени за секој
во секоја постојана,
во секоја стамена,
во секоја самосвесна,
во секоја очовечена
плодотворност.

Leave the first comment