1. Длабоко замислен
Се случува да се случуваат
како наврапито
настани нанижани
на брзи воздишки од луѓе
кои долго, та предолго
молчаливо стојат в место
пред бездна
застрашени од злодоба.
А никој со нив, пред нив
да им докаже
дека тоа не се случува,
туку ги навасала живеачка
во затворени кругови
на свесноста;
дека им е близу крајот
без ново почнување
на игри за возвишување.
Кога се случува тоа,
јас имам необјаснива,
неодолива потреба
да им излезам пред очи
на виделина
за да ги окуражам
бездната
да ја надвладеат
со мисла и дело
дејствени, непокорни.