СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

153. Возвишен

Го гледаат единствен
простосрдечни, искрени,
надежни луѓе.
Тој замислен и ведар
сосем незабележливо
ту им се доближува,
ту се оддалечува од нив
одгласен,
во дослух со божества
кои собрани околу оган
распламтен
расправаат за нивната
неизвесна иднина.

Го гледаат возвишен,
до небо извишен,
ги гледа возвишени,
до небо извишени.

Божествата собрани
околу оган распламтен
конечно решаваат
тој да ги предводи
до следната виделина
низ следната
сѐ уште таинствена,
сѐ уште неодгатната
невиделина.

Leave the first comment