150. Искричав
Фрла последни искри
кон мене
силник мразовит.
А јас самотник
со беспаќа
ненадминати во мене,
неизлечив,
од кои премалувам.
Дека скоро
никогаш повеќе
нема да биде искричав
колку што бил
и колку што сѐ уште е.
Дека е сѐ понемошен
од мене,
сѐ подалечен е
и ништожен.
Нека фрла, нека фрла.
Ама ако разгори
оган безмерен во мене,
силништвото конечно
ќе му го сосипам.