СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

132. Надвивања

Ја надвив надежта
легната на сонце
на езерски брег
што се обиде
може последна
да ми премали снага
и конечно да ме нема
во ниедна песна
испеана од мене.

Го надвив копнежот
за нова рожба од семе
во каменит предел
помеѓу
две плодни земји;
зашто разбрав
дека конечно нема
кој да го продолжи
мојот непокор
пред огнени бури
со излитени зборови.

Конечно се надвив
над изминат пат
во еден живот стамен
како
мраморен паметник
изделкан од стена
со игра за спокој,

сѐ уште неопеана
од никого без крај.

Leave the first comment