112. Неретко помеѓу воздив
и издив
За миг замолчувам
откога со мене
не е никој
што ме воспева
со сонце
на јасно небо
и што ме догледува
меѓу ѕвезди
во молскотна ноќ.
Со мене не си ни ти
во мене, земјо,
сокриена да не може
никој да ја испости
до последен збор;
додека исчезнуваат
јунаства,
додека коски од нив
ветер обезименува.
Веќе неретко
помеѓу воздив и издив
сонувам
како силни огнови
горат осамено,
а вековито дрво
на стена што не може
да се искачи од
ниедна страна.
Дека сум одамна сам
во длабокава мрачнина.