СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

83. Ненадејно

Во подножје
на моја планина
со своја тежина
се струполија каменишта
од никаде.

Можно да е од облакон
мрачен и преполн
со молскавици, студенина,
најмногу со неизвесности.

За чудо, запреа
со струполувањето
пред моите голи нозе
со крвави, отворени рани.

Брзо ги открив
навестувањата
на трагите и знаците
на нив.

Тоа боговите
со кои бев, некогаш сум,
со кои несомнено
во бескрајот ќе бидам,
веќе ме подготвиле
за последната игра
на животот со смисла,
помеѓу воздив и издив.

 

Leave the first comment