СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

133. Немак

Бев немак некое време
од една до друга игра
на говорот,
додека се обидував
да смислувам гласови,
извици, вокали, зборови,
интерпункциски знаци,
кога ги испитував
можностите на точката
сосе нејзината суштина.

Aма успевав само
да навлезам во него,
да ги именувам
сите премрежија,
сите приклученија,
а најсетне
сите минливости
наспроти истрајноста,
наспроти постојаноста
на моето извишување
до светот безграничен
на сите божества
за да бидам со нив,
да сум еден од нив.

Бев немак некое време
и веќе никогаш
нема да си дозволам
да бидам.

Leave the first comment