СОВРЕМЕ, Оддиви, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

26. Во опстој

Се знаеме како луѓе
во опстој
без неизвесности;
што сме коренувале
голи коски
до последен издив,
до самоти смрт
земна, подземна,
надземна.

Го почнуваме како
да нема без нас
да го завршиме
сѐ додека сонуваме,
сѐ додека гледаме
во далечина
искри на живот
еден зароден.

Наши зборови,
мои зборови,
твои зборови

од говор
на извишување
и возвишување
на народ севремен.

Leave the first comment